(ВИДЕО) Танушев: Државата прави непотребни експерименти – планирана е изградба на брана висока 276 метри

Од:

Во Иловица планирано е да се гради шестата највисока брана на планетата на хидројаловиште со висина од 276 метри кое би било прво од таков тип, во светот не постојат хидројаловишта со толкава висина. Ова не го прават ниту во САД и Русија, затоа што нема потреба, а ќе го има кај нас, вели Ѓорги Танушев од струмичкото здружение, „Здрава котлина“.

Тој вели да за изградба на браната прекршени се сите процедури на транспарентност, односно првата студија на која што е издадена концесијата се уште не е објавена за да не биде сфатена погрешно, односно да не бидат откриени техничките податоци за изградбата.

Покрај концесиите, според Танушев нетранспаренстност владее и во јавните расправи за одлуката за градење.

-Јавните расправи не се запишани никаде, не постојат, има и стратешка оценка која не е дискутирана никаде, дадена е во август минатата година, но нема никаков фидбек и мислење за неа. Сите овие параметри се директно спротивни на плановите во општините, но безразлика на тоа тие продолжуваат понатаму како позитивни. Внатре во самите студии постојат многу претпоставки. Како примери земени се податоци од други земји, а не се спроведени истражувања на терен со цел да се добијат вистинските податоци. Комплетно се занемарува фактот дека Македонија е трусно подрачје и проблемите ќе бидат мултиплицирани, вели Танушев.

Активистот за здрава животна средина рече дека планирата изградба е експериментална бидејќи такви објекти се капитални објекти кои неможе секој да ги изгради, посебно не ако претходно не се изградени.

-За ова треба многу повеќе да се зборува отколку што ден денес ние знаеме, и се уште ги кријат документите. Не се објавени документите за концесии, ова се правни документи кои се завршени пред години, а тие се уште не ги даваат, ниту минатата ниту пак оваа власт ги дава. Прашање е како се добиени тие концесии, дел од нив имаат прескокнување на важни формалности во рамките на самите студии и се оди со претпоставки наместо со прецизни истражувања, вели Танушев.

Според него, ова е одличен момент да се направи притисок проблемите да бидат решени институционално преку обезбедување на буџетски средства кои би значеле многу и би имало конкретен ефект врз загадувањето кое го има во државата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари