ВИДЕО: Талески во суд за злоупотреби со превозот на патници

Од:

Започна судскиот процес за „Транспортер“ во скопскиот Кривичен суд, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Обвинението е за злоупотреба на буџетски пари во вредност од 360.000 денари поради незаконски организиран автобуски превоз. Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании се обвинети дека организирале превоз за учениците во општината, за кој од СЈО на тематската прес-конференција рекоа дека бил „поскап и од оној во Токио“.

СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот, како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси.

Минатата година кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му изрече на Талески домашен притвор, кој двапати беше продолжуван. По три месеци поминати во куќен притвор, Апелациониот суд во Скопје ја укина оваа мерка и досуди поблага мерка на претпазливост, односно нему му беше наложено секој понеделник и петок да се јавува во битолиот суд.

Минатата недела полицијата достави нови докази до битолското обвинителство за исти злоупотреби на превозот на ученици.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Врховен суд: Пресудата за „Транспортер“ во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески е законски изречена

Горан Наумовски

Талески останува во затвор – Врховен пресече, пресудата е законска

А1он

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски