(ВИДЕО) Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има

Од:

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе постави информатичар кој веројатно нема поим колку болници има во државата, колку здравствени домови има, а камоли да знае што навистина му е потребно на здравството, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница.

Тој се осврна на изјавите на премиерот Мицкоски, како и на потегот на власта, која, за да го оправда именувањето на Алиу за министер, вели дека најважен приоритет на оваа влада ќе биде дигитализацијата во здравството.

– Човекот нема никаква врска со здравството. Дигитализацијата е важна, но многу поважна е грижата за здравјето на граѓаните. Господине Мицкоски, јас би ви предложил да заминете во Кочани – кај родителите и сите повредени деца и млади во трагичниот случај – и да им кажете: ’не се грижете, не е важно што нема соодветна нега за нивните повреди, не е важно што немаат соодветни услови за лекување, не е важно што нема стручен медицински персонал, што немаат соодветни ракавици, што за основни материјали мора да се снабдуваат со донации – важно е што наш приоритет ќе биде дигитализацијата на здравството‘ – рече Талески.

Тој потенцираше дека овој предлог на владејачката коалиција е срамен, а премиерот на сите дискусии од денешната седница се спротивставува со ароганција, навреди, омаловажувања, закани и негирања.

– За жал, таа ароганција не ја покажувате само кон пратениците од опозицијата. Она што најмногу ги боли граѓаните е што немате никаков однос на соработка ниту со семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани. Тажно е сознанието дека имаме премиер кој нема емпатија – ниту кон сопствениот народ, ниту кон најранливите, ниту кон жртвите. Единствено се грижи за сопствениот рејтинг и рејтингот на неговата партија. Тоа го видовме и во денови на најголема тага за Македонија, кога ДПМНЕ најми ПР агенција што ќе се грижи за нивниот имиџ. Замислете, во моменти на национална трагедија, да плаќате агенција за односи со јавност – рече Талески.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче