Многу е добро што потпишавме договор за фер избори на 11 декември, но ќе биде поважно ако партиите што ќе ја сочинуваат Владата да дадат голем придонес тоа да се случи и на терен, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи по завршувањето на лидерската средба.
Ние ќе се однесуваме конструктивно и натаму и главната надеж и гаранција за ДПА е меѓународниот фактор, пред се САД и Европската унија и другите институции кои че ги набљудуваат изборите во Македонија, рече Тачи.