(ВИДЕО) Сведоштва од маршот за похуман однос кон животните: Ја вдомивме Лекси со три ноџиња и мали бебенца

Од:

На протестот за похуман третман за бездомните кучиња, некои од присутните ги споделија сведоштвата зошто решил да вдомат бездомни миленици. Дејана Стојковиќ се присети дека кутрињата ги нашла зимска вечер на минусни температури. Раскажа дека за неа оттогаш тоа е љубов како кон дете. Стојковиќ испрати порака до властите да го дадат на управување стационарот Вардариште на активистите, зашто, како што рече, тие најдобро знаат како да го менаџираат.

Втората приказна за Лекси, кучката која живее среќно со три ноџиња. Била пронајдена повредена заедно со нејзините малечки. „Ја вдомивме повредена со три ноџиња и со мали бебенца“, рече учесничката на протестниот марш пред Владата.

Преку протестен марш во Скопје граѓаните испратија порака за хуманост и против насилство врз животните, како и за трајно и хумано решавање на проблемот со бездомните животни. „Правда за животните“, „Не бараме милост за бездомните животни“, „Дајте го Вардариште!“, се меѓу паролите со кои поворка од стотина граѓани со нивните миленици се собра пред Собранието на маршот кој се движи до Владата, а заврши пред седиштето на Град Скопје.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот