(ВИДЕО) Сугарески: Груевски и неговите послушници мора да одговорат како во 21. век загинаа 23 лица од поплавата

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески обвини дека ВМРО-ДПМНЕ не сака никогаш да се одржи надзорната расправа бидејќи, како што рече, не сака јавноста да ја дознае вистината.

– Надзорната расправа мора да продолжи со работа. Обвинетиот Груевски и неговите послушници мора да се појават и да одговорат како се случи во 21. век да загинат најмалку 23 лица, меѓу кои и бебиња, поради немање канализација и неисчистени канали. Тие ќе мора да ги објаснат сите пропусти во нивното 10 годишно владеење, што однесоа и човечки животи, рече Сугарески.

Според него, на 11. декември Македонија ќе добие одговорни, чесни и ефикасни институции кои ќе се грижат за граѓаните, а не за сопствените џебови.

– Обвинетиот Никола Груевски и неговите послушници се исплашија од првата седница на Надзорната комисија за поплавите пред 11 дена, видоа дека вистината за нивната одговорност ќе исплива на површина, и од тогаш прават се за да не продолжи. Очекуваат дека ќе помине времето и ќе се распушти Парламентот, па ќе избегнат одговорност, рече Сугарески.

На обвинетиот Груевски, како и на Никола Тодоров, Коце Трајановски, Тони Трајковски, Михаил Цветков, Владо Мисајловски, Зоран Јолевски, Митко Чавков, Жарко Караџовски, Оливер Ромески, Шабан Салиу, Ромео Тренов, Сузана Салиу, да им биде јасно – се појавиле на надзорната или не, одговорност ќе има, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски