ВИДЕО: Судот во наредните 24 часа ќе одлучува дали ќе има мерка притвор за обвинетите од „Труст“

Од:

По 4 часа заврши распитот на прво и второ осомничените во случајот „Труст, Сеад Кочан и Василије Авировиќ. Судот во наредните 24 часа ќе одлучува дали на обвинетите ќе им биде изречена мерка притвор која ја побара Специјалното јавно обвинителство со образложение дека обвинетите можат да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или пак да фалсификуваат документи.

Кочан и Авировиќ одбегнувајќи ги новинарите го напуштија Кривичниот суд без никаков коментар за денешниот распит, исто како и обвинителите од СЈО.

Три лица, раководители во фирмите „Трансмет“,„Силекс-неметали“ и „Вато“, се осомничени за добивање тендер и анекс со фалсификувана документација преку што незаконски заработиле 1 милијарда и 60 милиони денари.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски