ВИДЕО: Судијка добила внука, се одложи рочиштето за Драги Рашковски кое е прво по одморите

Од:

Судијката Ленка Давидкова добила внука, па судењето за Драги Рашковски експресно се одложи. Ова е прво рочиште по летните одмори за ексгенералниот секретар кој се гони за јавни набавки и делење хонорари од Генералниот секретаријат. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска веднаш откако влезе во судницата, кажа дека нејзината колешка морала да замине. Дел од обвинетите се побунија зошто не биле известени на време, на што судијката Јанчулева-Михаиловска кажа дека не можела да знае дека ќе има ваква ситуација.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.

Освен ова, Обвинителството го гони и дека делел хонорари на хонорарци, на кои потоа им одземал дел и си ги земал за себе. Покрај него, обвинети се и професори на ФИНКИ, но и сопственикот на фирмата „Инвока груп“ кои ги добивал наместените набавки, Даниел Станчев.

На низа рочишта беше презентирана комуникација помеѓу Рашковски и останатите обвинети.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“