ВИДЕО: Судење за убиство, убијците ги нема никаде

Од:

Жестока расправа меѓу адвокатите на обвинетите и обвинителката за случајот за убиството на Марјан Тушевски. Судот не прифати ниту една нивна забелешка, дека не може да почне процесот доколку не се ни обиделе да ги обезбедат првообвинетите четворица за убиството на Тушевски.

Тие предупредија и прашаа која е целта на ова судење, ако Судот ги нема главните обвинети и извршители на кривичното дело.

Укажаа дека е смешно судот да ги бара четворицата странски државјани на огласната табла во Скопје и на територијата на Република Македонија кога се познати нивните адреси на живеење во Србија и Босна и Херцеговина.

Префрлања имаше меѓу обвинителката и Љубе Бошкоски, кој и кажа да не ни помислува да продолжи да му се обраќа од позиција на сила и моќ.

Судијата кој има една година работен стаж во судот, ништо не прифати од барањата на одбраната и продолжи со процесот иако не даде аргументи дали четворицата првообвинети ги побарале на адресата каде што живеат.

Дури и рече дека Советот одлучил да продолжи процесот иако тие не се состанаа и одлуката ја кажа без да се консултира.

Ова беше оценето од адвокатите како подготвено сценарио и побараа да не се мачат понатаму и да ја прочита пресудата, која според нив е однапред напишана.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ