ВИДЕО: Студентските домови имаат буџет од 3,5 милиони евра, а студентите јадат по една банана месечно

Од:

Изминатите години, скопските студентски домови располагале со буџет кој просечно изнесува 220,165,218 денари или околу 3,5 милиони евра, а за подготовка на оброците во студентските домови со кои управува Државниот студентски дом Скопје се трошат само по 61 денар дневно за студент, се резултатите од истражувањто на Младинскиот образовен форум кое беше презентирано денеска во ЕУ инфо центарот.

Загрижувачки се резултатите од истражувањето кои се однесуваат на исхраната на студентите.

„Во периодот од 2015 до 2018 година количините на свежото овошје што се набавувани се зголемени за три пати од 7,600 до 23,500 килограми. Од договорот за јавна набавка на овошје и зеленчук склучен во 2018 година може да се види дека се купени 4,000 кг банани. Ако овие количини се поделат со бројот на студентите, ќе се добие по колку банани им следувале годишно, а тоа се приближно околу 1,5 банани годишно, односно по една банана месечно”, се наведува во истражувањето.

На секој корисник на студентската менза му следувало нешто околу 14 килограми свинско или говедско меси или околу 1 и пол килограм месо месечно, односно 1 килограм говедско месо и 472 грама свинско месо.

Бројот на студенти кои домуваат во студентските домови видливо опаѓа во текот на годините наспроти растот на бројот на вработените.

Еден од авторите на истражувањето, Петар Барлаковски, вели дека бројот на студентите кои домуваат во студентските домови опаѓа поради лошите услови во домовите и поради иселувањето на младите од државата.

Бројот на студенти сместени во студентските домови во Скопје е во опаѓање и се движи од 2,867 во учебната 2014/2015 на 2,255 во учебната 2017/2018 година, што значи пад од 21 отсто.

Интересно е што во студентскиот дом „Стив Наумов“ бројот на студенти се намалил за 51 студент во студиската 2016/2017.

Од МОФ препорачуваат дека институциите треба да издвојат повеќе средства наменети за студентските домови со цел подобрување на студентскиот стандард.

Исто така препорачуваат да се овозможи студентите од студентските домови да учествуваат во креирањето на менито за исхрана.

Би можело да ве интересира

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Студентите од правните факултети денеска ќе протестираат пред Владата на Македонија

(ВИДЕО) Студенти на протестот пред Влада: Правото стана алатка на богатите

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

Орце Костов

„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања

Ана Ололовска

Студентски отпор бара средба со министерот за образование

Катерина Ѓуровски