(ВИДЕО) Стојковска: Стојкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради, нула за градинка, училиште и гаража

Од:

Преку пет и пол милиони евра од издавање на градежни дозволи за згради, а ниту едно евро за ветените Градинка, училиште и катна гаража за жителите на Александрија, изјави Маја Стојковска, советничка СДСМ и коалицијата во Советот на општина Ѓорче Петров.

– Почитувани, ова е визијата на Градоначалникот Стојковски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров. Иако тврдеа дека ќе има и градинка и училиште и катна гаража, кога шверцерски на вонредна седница изгласаа ДУП СО преку 4.000 станови, Буџетот за 2025 и предлог ребалансот предвидуваат само висококатници. Затоа Советниците на СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА на седницата за ребаланс на буџетот ќе предложат измени на програмите и обезбедување на средства за изградба на училиштето, градинката и катната гаража, кои се исклучително важни за жителите на Александрија и Ѓорче – вели Стојковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?