(ВИДЕО) Стојановски: Овие од МОН се интересираат само за тендерчиња

Од:

Откако стигнаа пред Министерството за образование и наука, средношколците и професорите што ги поддржаа на денешниот протест против екстерното тестирање се обратија директно до министерот Адеми.

– Овие во оваа зграда треба да се викаат трговско друштво со ограничена одговорност МОН, бидејќи тие не смеат ништо да кажат. Никогаш сами ништо не кажале, нивниот интерес е само кога ќе се појават некакви тендерчиња. Е тогаш доаѓа до нив она што треба да го кажат. А се доаѓа од друго место, а тоа друго место е кај човекот што е многу зафатен и вие сакате да имал време и образование да следи. Како да очекуваме дека тие повторувачи ќе разберат што е тоа образовен процес и ќе знаат да го решат, не можат тие да решат. Со вакво трговско друштво освен со вакво собирање не може да се решат, рече професорот Душко Стојановски.

Тој потврди дека во изминатите 3 дена во скопските средни училишта имало инспекции

– Како одеднаш се растрчаа инспекциски служби да наоѓаат решенија за што? За да не се случел ваков марш, наместо да ве прашаа кои се проблемите, додае Стојановски.

Средношколците бараат модифицирање на моделот за екстерно тестирање, и запирање на измените во државната матура. Бараат стариот концепт на државна матура да важи за сите генерации во средните училишта, а нов концепт да се креира за оние кои допрва ќе станат средношколци, притоа концептот да биде оформен со вклученост на Средношколскиот пленум.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ