(ВИДЕО) Стојанче Ангелов брка мечка во Жировница: „Опасноста е поедноставна кога се гледа на телефон“

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов објави видео како брка мечка во селото Жировница од каде жителите неколку месеци се жалат дека постојано стравуваат за својата безбенодност се поголемиот број на кафеави мечки кои влегуваат во нивните дворови во потрага по храна.

„Вечерва низ тесните улички на село Жировница. Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“, напиша Ангелов кој при тоа веќе информираше за владината одлука да не се намалува бројноста на кафеавата мечка, туку да се дислоцира во ненаселени места.

По поплаките на жителите од Општина Маврово-Ростуше дека од мечките кои се симнуваат во селата и влегуваат во нивните дворови им е загрозена безбедноста, Владата вчера го разгледа Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со којшто членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше.

Владата ги разгледа превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пришто е изразено очекување за ефикасна примена на мерките.

Односно, во најкраток временски период да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката. За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со Јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта.

Со утврдените превентивни мерки е предвидена и контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Нема друг начин освен директорот на ЦУК да заврши со разрешување

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Катерина Ѓуровски