(ВИДЕО) Стоилковски за тужбата од Нинџа: По оваа логика, Русковска му ја загрозила безбедноста

Од:

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека немало нормални услови за денешното судење да се одржи, а по рочиштето каде Александар Василевски-Нинџа осуден за „27 април“ го тужи за клевета. Стоилковски бараше тонско снимање на расправата што не беше овозможено, потоа беше отстранет и од судница, не можеше да му постави прашање на Нинџа како тужен, а за судијката Нашата Тодорова тој вели дека е нетолератнтна.

„Немаше никакви услови за одржување на нормален процес денеска. Прво не беше дозволено тонско снимање затоа што не била салата озвучена, имала некаков технички проблем што воопшто мене не ме засега, но од значај за јавноста е да има тонско судење и законска обврска е да има тонска снимка. Второ при давање на изјава на тужителот, што е смешно бев отстранет од судницата што е исто една смешна работа бидејќи во ваква постапка имам право не само да служам и присуствувам туку и да му поставам прашање на тужителот што е она што он смета зошто јас би требало да носам некаква казна за навреда и клевета. Третата ставка која што се случи горе во судница е што судијката е крајно нетолерантна и не ми дозволи дадам исказ онака како што дава. Втора ситуација беше тоа што токму заради немањето на тонска изјава записникот кој што го правеше не одеше според она што јас го кажував и апсолутно мојот бранитл како страна во овој граѓански процес побара прекинување на постапката и изземање на судијата“, кажа Стоилковски за „А1он“.

Тој посочи дека не го наклеветил Нинџа во однос на прес-конференцијата која ја одржал.

„По оној список доставен од Министерство за правда до претседателот на државата за помилување во кој што беше наведено и името и тука ќе напоменам „осуден за тероризам Александар Василевски Нинџа“ и сметам дека со таа прес-конференција покренавме една општа дебата во јавноста заради која што не дојде до такво протпишување и од тука произлегуваат два многу важни факти. Доколку бранителот на тужителот, адвокатскиот тим на Василевски Нинџа смета дека е направена штета можеле во тој случај да го тужат и Министерството за правда и претседателот на државата за нанесена штета или неправда или што и да има во едно такво зошто е одбиен да добие помилување пред домашни и меѓународни институции да добие и во тој случај, еве јас можеби би признал некаква вина за навреда или клевета дека не сум бил во право. Но во таков случај или нема таква постапка или е покрената и одбиена тоа значи застанал во заштита на правото, правната држава правниот систем во државата. Воопшто не беше насочено против Василевски-Нинџа. Дури и пред мојата прес конференција најдов текстови каде што се вели професионален сведок, се нарекува сведокот на одбраната, јас реков сведокот кој што беше во процес каде што се осудија на над 211 години затвор за луѓе во кој што и самиот е сведок бидејќи и Обвинителството го користи како сведок и во други процеси кои потекнуваат од 27 април. Апсолутно нема навреда и клевета“, вели Стоилковски..

Прашан дали му ја загрозил безбедноста на Василевски-Нинџа, тој додава: Јас не знам со што сум ја загрозил безбедноста, можеби судот му ја загрозил безбедноста, обвинителството. Идејќи по таа логика Обвинителството и Русковска му ја загрозиле безбедноста со тоа што го предложиле за сведок, да речеме. Јас не гледам друга некоја логика, еве вака не сум правник да се изразам. Бевте сведок горе не ви беше дозволено да фаќате белешки, ви беше одземена техника, не постоеше техника, јас пренесувам она што се случуваше горе, дури неколку пати бевте и прозван за ваше однесување, затворете лаптоп, тргнете го, ќе ви го одземам, кон мене имаше еден непријателски однос, не како еднаков за странката, така што побаравме изземање на судиjката така да ќе видиме до кај ќе оди овој процес кој што е би рекол срамен. Последниот факт кој што сакам да го истакнам за овој процес и што сметам дека е многу важен, на оваа тужба стои потпис на јавен гласен поборник за прво и правна држава. Ставањето на потпис и печат на ваква тужба против мене за да понатаму може повторно да креваат процеси против ВМРО-ДПМНЕ е срамно, недостоинствено и не е во насока на правото и правдата и тоа мора да биде истакнато. Се работи за адвокатската канцеларија Давидовиќ нели, јасно ви е“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски