Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Од:

Најмалку 12 оддели кои функционираат на Хирургија, најмалку 12 оддели кои НЕ функционираат нормално веќе две недели, а нема ниту еден збор од 12 раководители и директори со звучни имиња за колапсот на терцијалното здравство вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Збор за хаосот немаат ниту д-р Александар Трајановски од ТОАРИЛУЦ, ниту д-р Софија Пејкова од пластична хирургија, ниту д-р Зоран Караџов од Абдомен, ниту д-р Сашо Дохчев од Урологија, д-р Александар Жупановски од неврохирургија, збор нема ниту д-р Неџат Јакупи од Торакална, ниту д-р Славица Литајковска од Детска хирургија, збор нема од д-р Далип Јахија од Ортопедија, ниту д-р Никола Брзанов од Ургентен, ниту пак гласните д-р Илир Хасани од Траума екс- заменик министер и партнер на Филипче во градба, или д-р Маја Мојсова од КАРИЛ, толку гласна и ангажирана Филипче да не даде оставка после трагедијата со тетовската модуларна болница, рече Стоилковски.

Стоилковсвски рече дека ова е срамно и неетичко однесување.

– Немаат збор ниту министерот ниту овие дванаесетмина за економскиот директор којшто со екипа заминал на Азурен брег, ниту пак за оние т.н. Заеднички служби. Никој од нив не кажал ниту збор, ниту претходно ниту сега откако системот колабираше. Срамно е за белиот мантил, политичката определеност на неколкумина да се определат за молк да е поважна од тоа да се помогне на пациент. Доведувањето на состојба на Хирургија со затворени сали, скапан систем за компримиран воздух, скапана вентилација, скапани лифтови, исклучени рентгени, исклучени компјутерски томографи, скапани одаи за КАРИЛ да не се овозможи да се реновира, а фирмата да моли за услови, а директори и администрација да се шетаат на Азурен брег е се само не здравство, и се само не случајност или инцидент во столбот на македонското здравство, Клинички центар, додава Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Од Венециската комисија очекуваме стручно, независно и објективно мислење за измените на Законот за правосудниот испит

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски