(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Од:

Во Македонија можеби се одвива најтежок заговор против изборите со можна злоупотреба на најмалку две високи државни институции, Претседател на држава и Агенцијата за разузнавање. Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен? Постои основано сомневање дека делува мрежа за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ, а зад ова седат Стево Пендаровски, неговиот директор на разузнавање Еролд Муслиу како и поранешниот разузнувач и сега генерален секретар Миле Зечевиќ, како и мешетарот Асаф Еисин, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Следејќи ги фактите, веројатноста е дека посредник е Миле Зечевиќ, поранешен разузнавач, сега генерален секретар на СДС, а главни одобрувачи и добавувачи се Стево Пендаровски, поранешен полициски службеник, се уште претседател на држава и кандидат на СДС за претседател, а вклучен е и Еролд Муслиу, лице од доверба на Пендаровски, поставен од него за директор на Агенцијата за разузнавање. Во јавноста се лиферувани фалсификувани документи, со фалсификувани потписи, што е кривично дело, а со цел за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и со цел против изборите. Вакви зафати се дел од понудата на Асаф Еисин, консултант на СДС и на Пендаровски.

За да биде појасно, еве ја шемата зад мене. Потсетувам, Асаф Еисин бил консулстант ангажиран од социјалдемократите, наведе Пендаровски сам. Неговиот кабинет за медиумите дополнува: партијата која го поддржува на претстојните избори ја организирала оваа средба – велат самите во допис за медиумите. Вака одговараат за средба со Асаф Еисин од Кабинетот на Пендаровски: „Во однос на лицето за кое прашувате, претседателот Пендаровски и соработниците го имаат сретнато лицето во својство на консултант на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средба која ја имаше организирано таа политичка партија која и формално му ја има дадено поддршката за претседателот Пендаровски за претстојните избори”.

Ова ја потврдува шемата, Зечевиќ посредник, Пендаровски и Муслиу одобрувачи и добавувачи. Еисин креатор на фалсификати и лажни вести, својствени на групата на која припаѓа водена од Тал Ханан. Сето тоа се доставува до близок медиум којшто заради свои интереси нуди плашт да затскрие извор со термин „свиркач“ , а СДС потоа презема и води црна кампања врз медиумски производ, со што се крие како извор на фалсификатот. Почитувани, во интерес на вистината ќе потсетам, лиферувани се фалсификувани документи, на коишто освен логото на ВМРО-ДПМНЕ, се впишувани лажни информации, впишувани дати за кои е познато дека имало партиски состанок од којшто е дадена изјава за медиумите, а потоа се злоупотребени имиња на лица познати во јавноста, впишани им се фалсификувани потписи, а впишано е и име на лице коешто воопшто не постои, а веројатно има и потпис од непостоечкото лице.

Сето ова е кривично дело. И СДС и медиумите соработници на СДС, соработуваат во кривичното дело, градат приказна против изборите на фалсификувани документи. И притоа, за тоа се свесни. Оттука, посочувам на шемата, Асаф Еисин водач на кампањата со фалсификувани документи, Миле Зечевиќ посредник, Пендаровски и Муслиу одобрувачи и добавувачи. И главното прашање од кое Пендаровски не смее ниту час повеќе да бега од одговор: Што разговарале со Асаф Еисин, консултантот, ангажиран од СДС? Што барал Пендаровски и соработниците, како што соопшти кабинетот, на средба со Асаф Еисин, освен ако не е терање кампања за Пендаровски?
Прашал ли Пендаровски, со кои пари Асаф е платен, дали има потпишано договор СДС со Асаф Еисин, пред да седне со него, а според соопштението е запознаен дека Асаф е ангажиран? Знае ли Пендаровски со кои пари е плаќан Еисин и дали се тоа парите од еден странски конзул којшто добива огромни тендери од РЕК Битола? И конечно, ќе сфати ли Пендаровски дека фалсификување и лажење не се замена за неработата и не се замена за единствена понуда, а тоа е менување ставови согласно потребите на СДС? Затоа, Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да признае што се договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и дали прашал со кои пари е платен Еисин пред да седне на состанок и да договара и одобрува акции – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

(ВИДЕО) Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен

Горан Наумовски

Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога