Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

Од:

Здравството е пред колапс, прекинот на операции на Хирургија предизвика хаос во другите болници, а министерот се уште нема поим зошто салите за операција на Хирургија не работат. Важно знае дека воздухот не бил компромитиран, ама смрдело, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Хаосот со воздухот не е единствен проблем на Хирургија. Од вчера и апаратите за компјутерска томографија и РТГ не работат. Ова е известувањето со кое што се бара разбирање за пациентите да се упатуваат кон други здравствени установи во градот. Во овие моменти кога сета јавност е насочена кон состојбата во Хирургија, кога сите скопски болници се преоптоварени со пациенти заради Хирургија, сега се исклучени и компјутерите за томографија. Ова е се само не ред, здравство, грижа за пациентите и посветеност на министерот и сиот раководен тим на Хирургија. Патем, знае ли министерот Илир Демири, дека најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег. Дали Илир Демири се уште смета дека поважно е да му измине времето како министер без да се замери со ДУИ и СДС или треба веднаш да побара одговорност, вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче