(ВИДЕО) Стоилковски: Државата мора да отвори истрага за атентатот над Глигоров

Од:

Државата мора да покаже интерес и да отвори истрага за атентатот над поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, додаде тој, по 24 години повторно се отвора трага, по сеќавање и сведочење на поранешен претседател на Собранието на Република Македонија и на емнинентен новинар.

„Мора да се покрене истрага по овие наводи. По допрен глас, или по како и да сакаат да најдат основа и да ги наречат овие јасни нивни показатели и искази. Срамно е што сè уште изостанува реакција на институциите околу сведоштвата на Стојан Андов кој директно го посочи Љубомир Данилов Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров“, рече Стоилковски.

И Зоран Заев, додаде тој, исто како и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ молчат околу новите наводи за атентатот врз претседателот Киро Глигоров.

„Наместо нарачаните политички изјави од лица обвинети за сериозни дела, кои за Зоран Заев имаат поголемо значење, државата мора сериозно да се позанимава со овој огромен скандал. Не може заради политичките процеси мотивирани лично од аболицираниот криминалец Зоран Заев, државата во јавноста да ги поклопи сведоштвата на Стојан Андов и на Љубомир Гајдов, со нарачано сведоштво во политички мотивиран процес. За Зоран Заев, СДСМ, ‘Кацарска судството’ и ‘Рускоска обвинителството’, Стојан Андов и неговото сведочење и изјавите на Љубомир Гајдов имаат помал кредибилитет околу нарачаното сведочење“, вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Ученик од четврто одделение извади нож во училиште во Центар, известена полицијата

Горан Наумовски

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ