Ученик од четврто одделение извади нож во училиште во Центар, известена полицијата

Од:

Инцидент во основното училиште „Киро Глигоров“ во скопската општина Центар, во кој ученик од четврто одделение извади нож од ранецот пред своите соученици, е пријавен во полиција и за случајот се постапува.

Од Министерство за внатрешни работи на Република Македонија информираа дека денеска околу 10 часот во СВР Скопје – Полициската станица Центар, родител на ученик од училиштето пријави дека на вибер-група меѓу родители се споделува информација оти едно дете носи нож во училиштето.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР, без да наведат дополнителни детали.

Според информации споделени од родители, ученикот и претходно покажувал агресивно однесување кон соученици. Тие тврдат дека минатата година нападна соученик со посебни образовни потреби, а во некои од инцидентите користел ножици.

Би можело да ве интересира

Доревски: Атентатот врз Глигоров се поврзува со напуштањето на „орбитата на Белград“ и насочувањето кон евроатлантските интеграции (ДПЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

Татко на ученик осуден на шест месеци затвор: „Ќе ти ја отсечам главата“

ПИСА 2025: Македонските ученици под просекот на ОЕЦД во математика, читање и наука

Нападната мајка и нејзините три ќерки: Жена се обиде да ги повреди со нож