Таткото тргна да ја заштити ќерката – соседот му заби нож во градите

Од:

Бизарен конфликт, кој започна со сообраќаен инцидент, за малку ќе завршеше фатално во Земун, откако М.О.(61) се здоби со убодна рана во пределот на градите за време на брутална пресметка со својот сосед П.Г.

Вистинската причина за пресметката меѓу соседите лежи во драмата што претходно се одвиваше на улица.

Осомничениот П.Г. агресивно тргна кон автомобилот што го управуваше ќерката на М.О. и бесно почна да удира по прозорецот. Видливо вознемирена, девојката побегна дома и побара заштита од својот татко.

Револтиран и бесен, М.О. зема метална прачка и се упати директно кон вратата на П. Г. за да ја расчисти работата.

Жестоката вербална расправија за миг прерасна во физичка пресметка, при што П.Г., како што се сомнева, зема остар предмет (нож) и силно го заби во градите на жртвата.

Полициски службеници веднаш излегоа на терен и, по налог на Третото основно јавно обвинителство, му ставија лисици на П.Г.

Тешко повредениот М.О. е пренесен во болница со возило на брза помош, каде што му е укажана лекарска помош.

На сослушувањето во обвинителството, осомничениот П.Г. изнесе одбрана – без ниту трошка каење, тој тврдеше дека не е виновен и целосно негира дека учествуваше во нападот.

Поради опасност од влијание врз сведоците, обвинителот побара од судот да му одреди мерка притвор, пишува српски „Телеграф“.

Би можело да ве интересира

Нападната мајка и нејзините три ќерки: Жена се обиде да ги повреди со нож

Поради расправија во сообраќајот, со нож е избоден маж од скопското село Арнакија

Ученик од четврто одделение извади нож во училиште во Центар, известена полицијата

Горан Наумовски

Најмалку едно лице загина, а шест се повредени во напад со нож во Канада

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

Пензионер од Скопје е тешко повреден откако бил удрен од електричен тротинет