(ВИДЕО) Стефоска: Се што е бетон, стиропор, бекатон во Охрид надвор од сите закони треба да се отстрани

Од:

Луѓето кои не се разбираат од сликарство знаат дека постои Мона Лиза. Оние кои не знаат ништо за драма, слушнале за Хамлет. Кој не слушнал за Хрватска, знае дека постои Дубровник. Оние кои не знаат ништо за нас, слушнале за еден град Охрид. Каква е таа магија? Каква е таа мистерија што ја кријат езерото и градот за и луѓето кои не знаат историја и географија да слушнале за градот и езерото, рече пратеничката и претседател на комисијата за култура во Собранието, Ирена Стефоска.

– Се што е имплант, бетон, стиропор, шанк, тенда, бекатон, поставени надвор од сите човечки и божји закони во градот музеј, во регионот, мора да бидат отстранети. Колку пати треба да доаѓаат експертите од УНЕСКО? Што треба да сторат невладините организации и нашите експерти за да сфатат дека не треба да се прави тоа, рече Стефоска.

Таа даде збор дека комисијата за култура во соработка со организациите, професионалците од хидробиолошкиот завод од Охрид, со управата за заштита на културното наследство, со локалните самоуправи на Охрид и Струга ќе сторат се да го сочуваат градот што како што рече, му припаѓа на светот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада