ВИДЕО: Стефоска не му се плаши на Мерко и не е задоволна од исполнувањето на препораките од УНЕСКО во Струга

Од:

„Од никого не се плашам“, вака министерката за култура, Ирена Стефоска одговори на прашањето дали се плаши од градоначалникот Рамиз Мерко, по што, побара и одговорност за неспроведување на препораките од УНЕСКО. Сепак, министерката е задоволна бидејќи во Струга се уриваат платформи, иако не падна ниту еден дивоизграден објект на крајбрежјето. Смета дека откако таа повикала да им се одземат ингеренциите на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, тие постапуваат по препораките.

„По таа моја изјава, градоначалникот на Охрид, како и градоначалникот на Струга ги исполнуваат препораките. Илјадници метри квадратни од крајбрежјето, за првпат по многу години се спастрени. Тоа не значи дека во Струга не треба и не може да е подобро. Секој нека си ја понесе својата одговорност од должоста која ја има. Министерството за култура не е истражен орган“, рече Стефоска.

Министерката е запознаена и дека објектите на крајбрежјето во Охрид не работат, додека во Струга, иако без концесии, функционираат без никаков проблем. Таа смета дека не смее да има никакви разлики меѓу заштитата на регионот, потсетувајќи дека таа ја покренала надзорната расправа за Охридскиот регион, по што додаде: „Мене не ми треба слава, ни што и да е, само кажувам дека секој од нас кога е на позиција, според хиерархијата да си го понесе својот дел од одговорноста, а сите заедно да работиме на заштитата“

„Со инсинуации од медиумите, дали се плашам, јас лично од никого не се плашам. Јас не сум задоволна. Не, не сум задоволна. И не сме задоволни од работата на институциите на централно и локално ниво. И од господинот Мерко. Но, не заборавајте што се случи и на крајбрежјето во Струга, за првпат, со платформите“, рече Стефоска.

Таа повика секој да си го понесе својот дел од одговорноста за непостапувањето.

„Кажувам дека децениски направените пропусти и неделувањето, потоа ни се удира врз глава на сите нам. Јавно апелирам и повикувам, една работа е и тука не бегам од одговорност, затоа сме толку министри наредени, апелирам до локалните власти, невладините, граѓаните, апелирам секој да го понесе својот дел од одговорноста“, рече Стефоска.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски