(ВИДЕО) Стаматовски: Реконструкција и нова водоводна мрежа на улица Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода

Од:

„Општина Кисела Вода предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски заедно со централната власт постојано инвестира во проекти важни за граѓаните.

Денеска се наоѓаме на улицата „Милан Мијалковиќ“ каде заедно со Јавното Претпријатие „Водовод и канализација“ се поставуваат нови водоводни цевки и се врши целосна реконструкција на истата улицата.

Во должина од над 400 метри се поставуваат нови водоводни цевки со профил Ф200, истовремено во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри се врши и целосна реконструкција на истата улица. На оваа со улица од 1,5 метри од двете страни ќе се изврши целосна обнова и на тротоарите“, рече Стамат Стаматовски, советник во Советот на општина Кисела Вода.

„СДСМ континуирано работи во подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани во Република Северна Македонија.

И во време на пандемија продолжуваме со засилено темпо да реализираме капитални инвестиции во нашата општина.

Градиме по план, постојано докажуваме дека можеме и повеќе и подобро за подобар живот на сите“, изјави Стамат Стаматовски, советник во Советот на општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус