(ВИДЕО) Средба Заев-Ердоган: Поддршка за засилена економска соработка и за решавање на спорот со Грција

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил попладнево се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, придружуван од вице премиерот, Хакан Чавушоглу.

На средбата е констатирано дека двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции како и преку нови иницијативи од страна на Македонија.

Конкретно, претседателот на Турција, Ердоган, ја поддржа иницијативата од премиерот Заев за зголемување на квотите за извоз на телешко и јагнешко месо во Турција, а најави и дека овој став ќе го пренесе на Владата на Република Турција. Тој изрази поддршка и охрабрување на турските бизнисмени за инвестирање во Македонија.

Премиерот Заев потенцираше дека за граѓаните на Република Македонија е многу важна секоја активност и инвестиција којашто влијае на покачување на животниот стандард и отвора нови работни места во Македонија и во таа насока му се заблагодари на претседателот Ердоган за развојот на економските односи, како и за поддршката од Република Турција за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателот на Турција Ердоган даде поддршка на добрососедските политики што ги води Македонија, и го поддржа процесот за решавање на спорот со Грција и оцени дека е тоа добро за Балканот и за евро-атлантските перспективи на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Шумски пожари во Турција: 3.500 лица, 23 авиони помагаат во гаснењето

(ВИДЕО) Огромен пожар избувна во Турција: Болница и десетици домови се евакуирани

(ВИДЕО) Се преврте автобус во Турција – повредени се 40 патници

А1он

(ВИДЕО) Турција: Се урна училишен хеликоптер, едно лице загина

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Ердоган: Обидот за државен удар пред десет години беше обид за окупација на Турција