(ВИДЕО) Средба на Заев со ОМД и ФДМ: Сите да помогнат за остварување на евроатлантски перспективи на Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, во Њујорк имаше одделни средби со претседателот на ОМД, Мето Колоски и со претставници на Обединетата македонска дијаспора, како и со претставници на Форумот за демократска Македонија.

Премиерот Заев, во рамките на оваа средба, се обрати и пред нашите иселеници на приемот што го организираше Форумот, со цел поддршка на заложбите на Владата на РМ за активирање на дијаспората во развојот на Македонија.

И ОМД и Форумот за демократска Македонија изразија интерес и поддршка за активирање на дијаспората во економскиот напредок на Македонија, како и во отворањето на евро-атлантските перспективи на државата.

– Секое работно место ни е важно, затоа Владата презема серија економски мерки со кои што ќе ги поддржи финансиски домашните претпријатија, мотивираме странски инвестиции, преку еднаквиот третман на инвестициите во Македонија, а планирани се и законски олеснувања за вложувања на дијаспората во Македонија, што ќе оди како предлог на јавна дебата за да се дефинира најсоодветниот модел за тоа. Исто така се отворивме за соработка со земјите од регионот и од светот, што ќе помогне во економските и евро-атлантските перспективи – рече премиерот Заев.

– Со вашите контакти можете многу да придонесете за поврзување на заинтересираните инвеститори и сопственици на претпријатија во Македонија. Владата се определи за отворање можности и е подготвена да биде партнер со дијаспората која може да и помогне на Република Македонија, а притоа, секој од нашите во дијапсората, да има и лична мотивација да работи или да соработува во, или со земјата од којашто потекнува, рече премиерот Заев на оваа средба.

Претседателот на Владата, Заев и министрите Димитров и Адеми одговараа на повеќе прашања од интерес на претставниците на организациите.

Премиерот Заев, соопшти дека новата Влада е фокусирана на остварување на стратешките цели, ЕУ и НАТО, низ принципиелно и затворање на прашањата на тој пат, исклучиво во соработка со граѓаните и широката општествена и политичка јавност. Владата веќе ја постави Македонија на патот на напредокот низ инклузивните политики, добрососедските односи и партнерствата што ги гради со меѓународната заедница и земјите пријатели од ЕУ и НАТО. Земјата е фокусирана на обезбедување квалитетен живот за сите, во едно општество за сите, во кое што законите, вклучувајки го и Законот за употреба на јазиците, се носат исклучиво во согласност со Уставот, со единствена цел – подобрување на животот и остварувањето на правата на граѓаните, запазувајки ги целосно државните и национални интереси.

Претставниците на Форумот за демократска Македонија, изразија поддршка за ваквите владини политики и оценија дека новата реформска влада во Македонија отвора големи можности за граѓаните во Македонија, како и за вклучување на дијаспората. Изразија подготвеност да придонесат во интензивирањето на контактите со како и во решавањето на повеќе прашања што ги засегаат граѓаните со потекло од Македонија кои живеат во други земји и на други контитенти. Конкретно се разговараше за можноста за олеснување на постапката за вадење лични документи, за можноста за учење онлајн на македонскиот јазик. Во однос на ова прашање, премиерот Заев информираше дека е во тек соработка со Институтот за Македонски јазик за бесплатен пристап до „Правописот на македонскиот јазик“, што ќе биде корисен како за домашната јавност, така и за дијаспората. Потоа беа разгледани проблемите и решенија околу соодветен модел за гласање на дијаспората. Исто така се разгледуваа можности за поврзување млади луѓе од дијаспората со нивни врсници во Македонија, со цел размена на идеи и можности за развој на креативни бизниси, како и начините за поврзување на домашни компании со компании од странство, со интерес да вложуваат во Македонија.

– Владата се бори и прави сè што е можно секој млад човек да го мотивира да живее, да се образува и да работи во Македонија. Со економските мерки со кои што помагаме на претпријатијата и на граѓаните, убеден сум дека Македонија може да успее, и така, и вас да ве вратиме во својата родена земја или во земјата од каде потекнувате, им порача премиерот Заев на граѓаните од дијаспората на приемот организиран за владината делегација од страна на Форумот за демократска Македонија.

Премиерот Заев нагласи дека е важно сите граѓани на Македонија и од Македонија, кои си ја сакаат државата и сакаат да помогнат, да се обединат околу стратешките цели, бидејки сега е создаден соодветен моментум за тоа.

– Очекуваме наскоро покана за НАТО, реални се нашите надежи и за отстранување на условеноста на препораката за члество во ЕУ. Да помогнеме сите овие перспективи на Република Македонија да се остварат, по што ќе биде добро за сите, рече премиерот Заев во обраќањето на приемот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија