ВИДЕО: Средба на Груевски со германскиот амбасадор Герберих

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски и Владимир Ѓорчев оствари средба со амбасадор на СР Германија, Томас Герберих.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми поврзани со стратешките приоритети на државата, членството во ЕУ и НАТО, актуелната политичка и економска состојба, како и можностите за соработка и поддршката од германска страна.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи дека стратешки приоритет на државата останува членството во Европската унија за што е потребно исполнување на стандардите и реформите. Беше посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека досега владата на СДС освен декларативна заложба нема суштински резултати на овој план.

Груевски посочи дека е во интерес и на самата Европска унија Република Македонија што побрзо да добие датум за преговори кој би значел валоризација на сите претходни достигнувања напревени во оваа насока.

Соговорниците беа запознаени со актуелната политичка состојба и состојбата во економијата која добива загрижувачки надолен тренд.

Груевски ја посочи отвореноста за соработка со германската држава во сите полиња и сфери кои се од интерес на Република Македонија. Тој истакна дека од големо значење е поддршката која ја добива државата од СР Германија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија