(ВИДЕО) Средба Груевски-Чавушоглу: Турција е важен пријател на Македонија и поддржувач во процесот за членство во НАТО

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес, заедно со членот на Извршниот комитет, Никола Тодоров оствари средба со Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу.

„На средбата се разговараше за взаемните односи меѓу државите, стратешките интереси на Република Македонија поврзани со евроатланските интеграции и актуелната политичка состојба.

Од соговорниците беше истакнато дека постои високо ниво на односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со пријателство и взаемно почитување.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски истакна дека Турција е важен пријател на Република Македонија и поддржувач во аспирациите за членство во НАТО. Тој истакна дека стратешки интерес на Република Македонија е зачленување во НАТО, како и членство во Европската Унија, како тоа дека Македонија е предолго надвор од процесите, и дека е потребен чекор кој ќе значи валоризирање и потврдување на се она што до сега е постигнато на тој план.

Груевски го повтори ставот дека на Македонија и е потребен брз прием во НАТО, и доколку за тоа има чисто и недвосмислено прашање, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи и реформите за ЕУ кои се од корист за сите, и зад кои нема скриени агенди за партизација на институциите, за што веќе има тенденции од страна на владата на СДСМ.

Од страна на Груевски беше изразена благодарност за поддршката од страна на Турција, и беше посочена конструктивната и активна улога на турската заедница во демократскиот развој на Република Македонија“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Истрага за финансиски скандал во Турција: Уапсена e поранешна министерка

Масакр во Турција: Осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра