Видео спот за заштита од топлото време за лица со оштетен слух

Од:

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Центарот за управување со кризи, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин – Битола и Министерството за образование и наука изготвија серија кратки информативни видео спотови кои можат да им помогнат на лицата со оштетен слух полесно да се справат со различни природни катастрофи, како што се земјотреси, поплави и поројни дождови.

Прв од серијата на видео спотови е за подготвеност и заштита во случај на топло време. Лицата со оштетен слух ќе можат да научат за основните постапки и процедури кои се препорачани и се применуваат во случај на високи температури.

Според Центарот за управување со кризи, со ова се продолжуваат активностите за јакнење на свеста и знаењето на различните категории граѓани за справување со кризни состојби.

Досегашната соработка, како што информираат, овозможи обука на околу 18.000 ученици и околу 2.000 наставници од училиштата, како и показно тактички вежби за справување со кризни состојби.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска