(ВИДЕО) Спасовски во Боговиње: Македонија ќе ја поврземе со светот

Од:

Денеска сме во посета на населените места Урвич и Јеловјане за да се запознаеме со проблемите на граѓаните од овие две населени места. Можам да констатирам дека она што се случува во Македонија се случува и овде, рече генереалниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

„Најголемиот дел од луѓето ги напуштаат населените места и ја напуштаат Македонија заради тоа што не гледаат перспектива и затоа што немаат сериозни услови за егзистенција во овие две населени места. Има премногу проблеми.

Еден од клучните проблеми на селата Урвич и Јеловјане е и безбедноста. Навистина е незамисливо да не функционира Министерството за внатрешни работи и полицијата да ги заштити овие луѓе. Граѓаните се пожалија на премногу кражби, се пожалија на премногу насилство и има сведочења за тоа како не реагираат припадниците на МВР. И тоа треба да биде врвен приоритет за граѓаните за да почувствуваат дека државата функционира.

Патната инфраструктура е на едно катастрофално ниво и од тој аспект мора се да се направи за да може да се обезбеди добро ниво на патна инфраструктура, а пред се поврзување на патниот правец од с.Урвич до с.Јеловјане.

И од тој аспект земавме обврска овие состојби да ги промениме. Да се направи патниот правец с. Урвич –с. Јеловјане. Да се рехабилитира целата патна инфраструктура до овие населени места.

Да се подобри здравствената заштита за граѓаните од двете села. Тоа ќе биде врвен приоритет за идната Влада на СДСМ, да вложуваме во населените места се со цел што повеќе граѓани да останат овде да ја градат сопствената иднина и пред се и над се да се зголеми безбедноста на граѓаните.

Преку зголемување на безбедноста на граѓаните да им се гарантира заштита на имотот, заштита на животот на овие луѓе во населените места и на тој начин да допринесеме да граѓаните од овие две села останат овде ја градат сопствената иднина и помогнат на Р.Македонија да заеднички ја градиме како подобра, попросперитетна и подемократска држава“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски