(ВИДЕО) Спасовски: СЈО има две судски наредби кои мора да се извршат, никој не е над законите

Од:

Сакам да ја информирам јавноста околу постапувањата во Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерството за внатрешни работи од страна на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи кружат многу шпекулации, затоа сакам да ги дадам релевантните факти врз основа на кои јавноста ќе биде запознаена и тоа ми е обврска, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– СЈО има две судски наредби, една за одземање документација и уште една за одземање на електронски податоци од системот за прислушување за обезбедување на докази во одредена кривично-правна постапка. Директорот на УБК вчера првично одби да ги прими обвинителите, а веднаш по влезот се пристапи кон обезбедување на доказите од едната наредба, додека за втората се бараат технички можности со цел до крај да се реализираат, рече Спасовски.

Тој уверува дека наредбите мора да се извршат поради тоа што така наведува законот.

– Никој не може да биде над законот, Уставот и над судовите, СЈО мора да си ја заврши својата работа. Ова обвинителство мора да ги расчисти состојбите околу нелегалното прислушување, тоа е од интерес на граѓаните на Македонија и на државата, нагласи Спасовски.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он