Ситните политички поени нема да допринесат за здравјето и животот на граѓаните. Ваков е заклучокот од лидерската средба кој го презентираше техничкиот премиер Оливер Спасовски. Лидерите се договриле дека политичките партии на дневна основа ќе добиваат информации од кризниот штаб, а усогласено е и водењето на политичката кампања. Запрашан дали е можно да се свика Собранието доколку има потреба од ребаланс на буџетот, Спасовски рече дека засега нема потреба од таква одлука.
Во живо: Прес на техничкиот премиер Оливер Спасовски по лидерската средба
Во живо: Прес на техничкиот премиер Оливер Спасовски по лидерската средба
Posted by A1on.mk on Четврток, 12 март 2020
„Здравјето и животот на граѓаните е над се, но и грижата за економијата исто така. Има предвидено според Уставот во кои ситуации може да се повика Собранието, сега за сега нема потреба. Имаме стабилна фискална политика, меѓутоа, ако тоа биде потребно, треба да се стават сите институции на располагање. Ако здравјето е пред се, што е поважно од тоа сите да бидеме здрави? Цениме дека нема потреба да се носат такви одлуки“, рече Спасовски.
Тој апелираше до граѓаните да не се создава паника и да се информираат од релевантни извори на информации. Спасовски кажа дека со сите политички партии се догвориле постојано да се повикува на стопирање на пласирањето лажни вести.
„Апелирам и до граѓаните, одговрно однесување значи и да не ги преплавиме сите маркети и да бараме намирници и така натаму, заради тоа што нема потреба од такво нешто. Едноставно, нормално и без никаква паника на соодветен начин да реагираме. Исто така, тој што мисли дека ќе може да профитира во ваква ситуација, нема да успее. Имаме состојби кога треба да се испочитуваат овие препораки. Ако има било каков притисок или постапување спротивно на работничките права, треба да се обратат до инспекторатите“, рече Спасовски.
Пандемијата прогласена од СЗО, за Спасовски е уште една причина за поголема одговнорост и почитување на препораките од институциите.
„Се повикуваме на нашите капаитети и потенцијали, како и искуството на другите. Се разгледуваат и други мерки кои треба да бидат засилени. На седница на Влада ќе го разгледаме предлогот на епидемиолозоите за забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на бројот на присутни граѓани. Ќе го разгледаме и предлогот рестораните и кафитериите да работат со намален капацитет и скратено работно време, како и да се откажат сите културни настани. За сето ова разговаравме на средбата со лидерите и буквално сите се согласивме дека мерките се за доброто на сите граѓани. За заштита на надорот и справување со состојбата. Наша должност е сите одговорно да ги почитуваме и следиме. Сакам да ги уверам граѓаните дека институциите, односно МЗ има доволен број на заштитна опрема, маски, ракавици и друга опрема, тоа не треба да е прашање за загриженост“, рече Спасовски.