(ВИДЕО) Спасовски од Куманово: „Можеме“ е сигурна грижа за сите, за да продолжиме по правиот пат

Од:

Носителот од СДСМ во ИЕ2 Оливер Спасовски, денеска во Куманово порача дека „Можеме“ е сигурна понуда на грижа за сите граѓани, за да продолжиме по правиот пат.

Куманово, нагласи Спасовски, доби две училишни спортски сали и уште една е во изградба, а спроти овој модерен затворен базен изграден во мантатот на СДСМ е Спортската сала којашто во новиот мандат ќе ја реконструираме.

Прес-конференција на носителите на ИЕ2 Оливер Спасовски #Mожеме #СДСМ

[?Во живо] Прес-конференција на носителите на ИЕ2 Оливер Спасовски

Posted by Oliver Spasovski on Недела, 28 јуни 2020

– Се грижиме за сите и за младите генерации и за возрасните на кои ќе им овозможиме да ја гледаат својата младост и сега и во иднина тука, со тоа што ќе ја задржиме автентичноста на објектот. Можеме, почитувани граѓани е сигурна понуда за грижа за сите граѓани и за повисоки плати и пензии и одовде ја праќам оваа централна порака денеска дека продолжуваме по правиот пат, изјави Спасовски.

Нудиме, порача тој, нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал, модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места.

– Се обврзуваме. Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти. Ќе обезбедиме раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот. Во Програмата на СДСМ, предвидуваме нова мерка за поддршка на младите, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години, во првите две години. Се обврзуваме на нова повисока минимална пензија – да нема пензионер што ќе зема помалку од 10.700 денари, изјави Спасовски.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус