(ВИДЕО) Спасовски: Мицкоски јавно да одговори кој точно ја финансира партијата ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Потпретседателот на СДСМ и носител на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2 Оливер Спасовски, го повика Христијан Мицкоски јавно да одговори кој точно ја финансира партијата ВМРО-ДПМНЕ и со какви пари.

– Уште колкумина од обвинетите и осудените во предметите на СЈО, покрај Орце Камчев, донирале во ВМРО-ДПМНЕ? За тоа ли толку се противеше Мицкоски на Законот за јавно обвинителство, за пари и за да штити финансиски криминал? Мицкоски ова треба да го каже јавно и ако тој не појде сам да им го каже и на институциите, тие се должни да постапат по допрен глас. Христијан Мицкоски е обновен Груевски, јасно е, а на граѓаните обновен режим НЕ им треба. Граѓаните сакаат сигурна иднина и на 15 јули изборот ќе биде сигурност, изјави Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ