(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

Од:

Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири паника и манипулира пред избори.
Сашко Митовски свесно ги лажеше граѓаните и на Крива Паланка и на целата држава дека загадувањето на водата во Крива Паланка со цијанид е 100-тици пати над дозволеното. Анализите кои ги објави Државниот инспекторат за животна средина го покажуваат спротивното и го демаскираат трулиот обид на Митовски да манипулира, изјави Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Мизерно е како Митовски не се колебаше да манипулира со најчувствителната тема за граѓаните – безбедноста на водите и почвата, само за да шири паника и ќари некој ситен политички поен пред избори. Го повикуваме Јавното обвинителство да ја согледа реалната состојба и да поднесе кривична пријава против Сашко Митовски, за ширење паника. Дејствијата на Митовски се дотолку поголеми што тој е носител на јавна функција, која во дел од јавноста може да создаде краткотраен привид дека тој ја говори вистината, и со тоа да предизвика огромен страв. ЈО треба да ги земе во предвид овие околности, но и стварниот ефект предизвикан од паниката која ја рашири Сашко Митовски и да поднесе кривична пријава,

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците