(ВИДЕО) Спасовски го честиташе Денот на Ромите: Различностите се наша предност

Од:

Премиерот Оливер Спасовски денеска го честиташе 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, на припадниците на ромската заедница во земјава.

– Нека ни е честит Меѓународниот ден на Ромите. Со одбележувањето на овој празник правиме уште еден заеднички чекор на најдобар можен начин да ја промовираме и практикуваме нашата стратешка определба за изградба на концептот „Едно општество за сите“, по углед на големата европска идеја – Обединети во различностите, наведува Спасовски во честитката.

Истакнува дека различностите во нашето општество ги сметаме за наша предност и за наше заедничко богатство. Натаму додава дека оваа година Меѓународниот ден на Ромите го прославуваме во вонредна состојба и без јавни настани заради мерките преземени против заканата од коронавирусот.

– И во овие услови, кога зборуваме за „Едно општество за сите“, зборуваме за наше заедничко учество и почитување на мерките и препораките кои ни помагаат да ја совладаме опасноста и да го запреме ширењето на коронавирусот. Тоа ќе ни помогне да си го заштитиме општеството и да ги намалиме социјалните и економските последици.

Како никогаш до сега, токму сега е време да се сплотиме и обединиме за да покажеме дека умееме да бидеме модел и за успешно и функционално општество и во овие вонредни услови, вели Спасовски.

Додава дека треба да си ги сочуваме почитта и грижата на едните за другите и тоа да биде модел за нашата заедничка иднина која ја градиме, и која започнува и завршува, со почитувањето на сите заедници, на заедници кои што соработуваат, се надополнуваат и меѓусебно се збогатуваат.

– Нека ни е честит празникот – Меѓународен ден на Ромите! Te arakha amaro kamipe thaj amaro dertluko jekh jekheske. Te ovel akava modeli amare anglunipaske fundamenti, savo afirmirinaja respektea sa e minoritetenge kl amari them. Etnikumia save jekh jekhe vas dena thaj maskar peste barvalipe kherena. Te ovel emenge bute bershenge o bidjuko- mashkardjijanengoro dive e Romengoro 8-to April, додава Спасовски во честитката по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска