На социјалните мрежи деновиве се врти спотот со химната на младите социјалисти.
Покрај група млади, во главна улога е и пратеникот Малиша Станковиќ.
„Ти си пацифист, визионер, космополит, човек хуманист. Биди и ти социјалист. Живееме во нерамноправен свет, над 100 милиони луѓе се со еден долар во џеб. Ако си ти другар без мана и срцето ти бие на лева страна, биди социјалист“, ова се дел од пораките во спотот.
Лево ориентираната Социјалистичка партија, за каква што се декларира, веќе подолг период е во коалиција со десничарската и конзервативна ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако си антиглобалист, биди социјалист“, порачуваат младите социјалисти.