ВИДЕО: Со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев одбележан 23 Октомври

Од:

Делегации на Собранието, на Владата и на кабинетот на претседателот на државата денеска положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, одбележувајќи го Денот на македонската револуционерна борба.

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, кој ја предводеше владината делегација, изјави дека без македонските револуционери е незамислив континуитетот на ослободителната борба која резултирала со создавање на сопствена држава.

Македонската револуционерна организација, рече Ковачевски, се наметна како движечка сила преку која се организираа сите прогресивни сили без разлика на идеолошката провиниенција.

– Денес Северна Македонија и нејзиниот мултикултурен карактер не може да бидат разбрани без да се има предвид историјата, мисијата и дејноста на Македонската револуционерна организација чии идеи за македонска држава беа остварени во 1944 година. Затоа чествувањето на Гоце Делчев треба да не обединува како што обединуваше неговото дело насекаде каде што дејствуваше, порача Ковачевски.

Освен во Скопје, Денот на македонската револуционерна борба се одбележува и во Богомила каде делегации ќе положат цвеќе во Спомен куќата на Петар Поп Арсов.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска