Дел од снимката со дронот на студентскиот марш се појави на Јутјуб, од која може да види колоната студенти и средношколци.
„Најголеми пофалби до сите што дојдоа! ВИЕ СТЕ ПЛЕНУМОТ! Со вашето пристојно однесување сите до еден придонесовте јавноста да гледа на младите како на достоинствени, морални, разумни и принципиелни личности.
Денес скршивме многу стереотипи! Разубедивме многу луѓе!
Покажавме дека трпение и соработка сепак МОЖАТ да постојат меѓу луѓе со различни верски, национални и политички убедувања, дека младите во Македонија НЕ СЕ ПАСИВНА МАСА, дека заедно навистина можеме многу!
Уживајте во глетката, ова сме сите ние на дело“, велат од Студенски Пленум.