ВИДЕО: Снимката ништо не докажува – мора да се утврди кој кого тепа, вели адвокатот на обвинетиот за тепањето на Пендиков

Од:

Заврши денешното рочиште за судењето за Илија Спасески, еден од обвинетите за претепувањето на Христијан Пендиков

Оштетениот Христијан Пендиков не присуствуваше затоа што треба да се направат дополнителни испитувања, а обвинителство се надева дека наскоро тој ќе се појави, истакна неговиот адвокат Стефан Камишевски.

„Пендиков ќе се јави во судот, кога ќе му заврши лекувањето. Сега е во подобра здравствена состојба, но не знам дали ќе се појави на наредното рочиште, се зависи од тоа кога ќе заврши неговото лекување, изјави неговиот адвокат по денешното рочиште.

За презентираната снимка од безбедносните камери снимена за време на инцидентот, вели:

„На снимката се гледаат како две лица тепаат едно лице, кои се лицата треба да се утврди, впрочем за тоа е постапката да се утврди кои лица го претепале Пендиков и без сензации ве молам, истрагата ќе покаже што се гледа на снимката, кој кого тепал. “

По рочиштето изјава даде и адвокатот на одбраната. За презентираната снимка вели дека не смее да се носат паушални заклучоци туку неспорно да се докаже што тоа се гледа на снимката.

„Јас како бранител нормално ќе кажан дека не е виновен, а тој што тврди дека е виновен треба да докаже дека е виновен. Не може обвинителот по гледањето на снимката да каже мислам дека е тој, не може да мисли, треба да има докази кои неспорно ќе докажат кој е на снимката“ вели адвокатот Димитар Цобоски.

На прашање од бугарски новинар зошто го повикале таткото на обвинетиот како сведок, адвокатот вели:

„Го повикавме како сведок таткото бидејќи тој може да каже зошто неговиот син нема ништо против Бугарите и бугарскиот народ, бидејќи се створи една фама дека ова било направено бидејќи тој што е тепан е тепан бидејќи наводно се чувствувал како Бугарин.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он