ВИДЕО: Снимка од нападот на Илјази од страна на Усеини

Од:

Дел од нападот на Илјаз Илјази од страна на советникот Нефи Усеини е снимен од балконот на станот каде што професорот престојува. Од видеоматеријалот се гледа како советникот Усеини тргнува кон професорот, а пред него се испречуваат неколку лица, кои го тргаат на страна. Кога Усеини стигнува до професорот, го фаќа за рака и го влече.

Во исто време ќерката на Илјази, која го снима видеото, го предупредува Усеини дека го снима инцидентот, на што советникот одговара: „Да ти ја е*** камерата, ќе те фрлам од таму“. На снимката се гледаат и други лица, мајстори, кои работат на градбата спроти зградата, но и лицето што му кажало на Илјази да се симне пред зградата по што настанал инцидентот. Освен нив, снимени се и луѓето што вчера за еден медиум изјавија дека имало расправија, а не физички напад од страна на Усеини. Еден од нив изјави и дека Илјази го нападнал Усеини, а не обратно.

Видеото е снимено неколку минути од почетокот на инцидентот од ќерката на Илјази, а претходно биле направени фотографии на кои се гледа како Усеини му ја трга маицата на професорот, но и како неколку лица го држат советникот настрана од Илјази.

Професорот Илјаз Илјази за „А1он“ вели дека по инцидентот, веднаш заминал во болница поради болки. Тој додава дека во болничкиот извештај пишува оти имал видливи повреди.

„Во извештајот од болницата, каде што се јавив по инцидентот, пишува дека имав видливи повреди, а утредента и отоци. Тоа е дадено во полиција и е влезено во предметот. Првиот ден имав и крвавењето од уста“, вели Илјази за „А1он“.

Еден ден по инцидентот, Илјази повторно отишол во болница, овој пат поради отоците што му се појавиле.

„Отидов утредента поради болките. Ноќта имав оток на главата и болки, затоа повторно отидов во болница кај истите доктори. Ми рекоа поради удар во главата, во следните 48 часа може да има крвавење и оток. Ми дадоа апчиња за смирување, а вториот ден добив лекови за отокот и за болките околу вратот“, додава Илјази за „А1он“.

Усеини во телевизиско интервју негираше дека имал физички контакт со професорот Илјази, односно тврдеше дека не го нападнал.

Би можело да ве интересира

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Најмалку 11 лица се хоспитализирани по напад со нож во супермаркет во Мичиген

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напад врз суд во Иран, има мртви и повредени, одговорноста ја презеде екстремистичка група

(ВИДЕО) Град близу Москва нападнат со дронови – горат автомобили, погодена е зграда

А1он

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода