ВИДЕО: Снимка како се однесува инспекторот кој го штити Инспекцискиот совет

Од:

По објавувањето на сторијата за рекет што го прават одредени инспектори, а Инспекцискиот совет не ги казнува, во редакцијата на А1он се јавија десетина случаи кои сакаат да сведочат за секојдневно малтретирање и изнуда на пари.

А1он пишуваше за случајот на Владимир Јашевиќ, сопственик на ВНД- Компани, фирма која се занимава со кетеринг услуги и кој се осмели да проговори за притисоците кои се вршат врз него. Инспекцискиот совет соопшти дека не пронашол никави неправилности во работата на наведениот инспектор, иако во претставката е наведено дека фирма на семејството на инспекторот исто се бави со кетеринг, со притисок го презема бизнисот кај набавувачите кај кои Јашевиќ носи храна.

Претставката на Јашевиќ во Инспекцискиот совет е примена на 25 декември, но од Советот веднаш го известиле инспекторот кој следниот ден повторно оди во објектот на Јашевиќ во контрола, „за да му покаже кој е посилен“.

Од Инспекцискиот совет додека е во тек претставката најмалку што можеле е да забранат истиот инспектор да го посетува објектот и да врши натамошни притисоци и да се осветува зошто е поднесена претставка за него. Но не само што отишол, од видео снимката се гледа дека сите продукти, месото, лебот ги фаќа со раце, без заштита и без ракавици. Потоа се фаќа за носот, ушите и косата и повторно ги фаќа продуктите. Потоа ја става главата во фрижидерот и допира со носот внатре. Ова е начин како се закануваат инспекторите на сите сопственици, зошто по допирањето на сите продукти со валкани раце, доколку се конзумираат може да се предизика труење, за што ќе биде обвинет сопственикот.

За А1он луѓе инспектори кои не се согласуваат со изнудено богатење на поединци во нивните редови, посочуваат дека на терен вообичаено одат по тројца инспектори и притоа користат иста стратегија секогаш, со што му олеснуваат на Инспекцискиот совет да ги амнестира. Всушност иако сите тројца се во посета на објектите, едниот настапува пред сопствениците и ја врши контролата во објектот по што бара одредена услуга, но на крајот во записникот се потпишува вториот или третиот инспектор. На овој начин и доколку има претставка за одредениот инспектор, од Инспекцискиот совет се правдаат дека истиот не бил потпишан на записникот и дека е се во ред, по што ја отфрлаат жалбата.

Инспекцискиот совет ја отфрли претставката и од Јашевиќ иако во неа има доволно материјал за да се испитаат сомневањата за злоупотреба на службената положба и неетичко однесување. Инспекцискиот совет ќе мора да одговори како и зошто е отфрлена претставката, посебно по материјалите кои допрва ќе се појавуваат во јавноста.

Иако многумина од нив до Инспекцискиот совет доставуваат доволно докази за сомнеж за постапување против одредени инспектори, советот е со очајна статистика. Од десетици поднесени претставки, од септември досега имаат прифатено само една претставка, а сите до една се отфрлени како неосновани и беспредметни.

Предраг Петровиќ

Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија. Оваа статија е изработена во рамките на проектот “Во фокус: Надминување на злоупотребите на должност”, имплементиран во партнерство помеѓу НВО Профицио и медиум А1Он, а со поддршка од Проектот Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа – ACTION SEE, спроведуван од Фондација Метаморфозис, Вестминстер фондација за демократија, Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Граѓанска асоцијација Why not?, Центар за демократска транзиција – CDT, Open Data Kosovo (ODK), и Levizja Mjaft!. Содржината на оваа статија не го одразува официјалното мислење на Европската унија. Одговорноста за информациите и ставовите изразени во статијата е целосно на авторот (ите).

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Во Србија се уапсени десетина даночни инспектори поради злоупотреба на функцијата

Горан Наумовски

Бектеши: Комисијата за заштита на конкуренцијата не презема мерки за цените, а поминавме неколку кризи

Орце Костов

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Не чини состојбата во државните инспекторати – едвај работат со половина кадар, покажа ревизијата

Жарко Настоски

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска