(ВИДЕО) Следната учебна година нема да стартува, можни се штрајкови и бојкот

Од:

Наставничкиот и Средношколскиот пленум организираа јавна дебата на отворено – во паркот пред Министерството за образование и наука, насловена „До каде стигна македонското образование“.

Иако уредно поканети, не дојдоја ниту претставници на СОНК, ниту од МОН, иако кога почна дебатата на отворено, од прозорците на Министерството се следеа кажувањата на говорниците.

Професорот Владо Димовски од Наставнички пленум рече дека покрај тоа што се подготвува претставка до Уставниот суд за новите измени во законот за основно и средно образование, најновите законски решенија ќе го стават под прашање стартот на новата учебна година.

– Ние се фокусиравме одредбите за казните и наградите за наставниците и двете одредби се спорни, и екстерното тестирање за кое мислиме дека не е добар модел. Ние како Наставнички пленум изготвуваме претставка до Уставниот суд за оспорувања на овие измени и дополнувања, но во вакви услови, мислам дека тешко ќе започне учебната година, имаме искуство со штрајкот што започна во второто полугодие и не е исклучено пленумите да го продолжат бојкотот се до исполнување на барањата, рече професорот Димовски.

Пратеничката Солза Грчева рече дека веќе напишала неколку тужби за замената на наставници што штрајкуваат, таа рече дека е невидено и тоа единиците да се ставаат во сведителство и тие да се сметаат во просекот, иако се знае дека единиците се непреодни оцени според нашиот закон. Наставниците исто така не смеат да губат работа врз основа на овој закон.

– Децата ги учиме на ретроградно учење, фактографско меморирање податоци, а резултатите покажуваат дека секоја година имаме сè послаби ученици кои се запишуваат на факултетите. Напишав неколку тужби за Уставен суд, кои се однесуваат на замената на наставници додека штрајкуваат, за единиците во сведителствата и за отпуштањето на наставниците од работа, рече Грчева.

Целосна поддршка за наставниците кои се најзасегнати со измените во законот донесени по скратена постапка со кои се предвидени, според нив, неуставни казни и наградувања, даде и Средношколскиот пленум

– Средношколскиот пленум реагира против измените во законот за средно образование со кои им се наштетува на учениците, на наставниците и на целиот образовен систем во РМ. Со казни, намалување на платите и бркање од работа на наставниците нема да дојдеме до она до кое сите се стремиме, а тоа е подобро образование, рече Александар Милевски од Средношколски пленум.

А.Б.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите