(ВИДЕО) Скопјани во редици пред маркетите: поради карантинот, останавме без леб

Од:

„Има ли леб, да не чекаме бадијала?“, ова беше најчестото прашање што го поставуваа скопјани, кои во долги редици чекаа за леб пред маркетите. Нервозни и во паника, велат дека надлежните не го најавиле карантинот со време и ги оставиле граѓаните без основниот продукт.

Некои од нив во потрага по леб го поминале цело Скопје, но без успех. Нервозни и во паника, се туркаа, им довикуваа на продавачите во маркетите иако, како што велат, знаат дека тие не се виновни што лебот се продал уште утрово.

„Четири маркети поминав, нема никаде. Не најавија дека ќе има карантин, луѓето не се подготвени, кој има брашно, ќе си меси. Но, има домаќинки што не знаат да месат, тие што ќе прават?!“, вели еден скопјанец.

„Ми се јави една пријателка, која живее во Аеродром, цело претпладне барала и не нашла, го купиле уште рано. Чекам за неа за да не остане без лепче, гревота е. Еве уште овде во пекарницата да си ја пробам среќата. Не е во ред што нè оставија без леб. Не јавија на време дека ќе има карантин и пекарниците не успеаја да испорачаат“, вели друга скопјанка.

Некои од нив се помириле дека леб нема да најдат, па решиле да купат брашно за да го поминат тридневниот карантин.

„Ќе месам, тоа е… Штом нема, се снабдив со брашно и квасец. Не можеме да се оставиме така. Сè друго испазарив, другите продукти ги има“.

„Како што сум дојден да пазарувам на крајот, тешко дека ќе најдам, гледам сè купиле. Ќе појдам уште до пазарче, што ќе најдам, тоа ќе купам“, велат еден граѓанин.

Освен пред маркетите, граѓаните чекаа ред и пред аптеките, банките и поштите.

 

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Темата за зголемување на цената на лебот е само шпекулација во јавноста, тврдат мелничарите

Катерина Ѓуровски

Николовски: Мелничарите да одговорат зошто некој би барал поскап леб при набавени количини пченица по преполовена цена

Орце Костов

Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

А1он

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

Орце Костов