Снема леб низ Скопје, редици пред дуќаните

Од:

Поради претстојниот карантин, скопјани од рано утрово ги празнат дуќаните. Повторно се прават залихи како на почетокот на кризата, а многумина се пожалија дека веќе снемало леб.

„Чекав ред за да влезам во супермаркетот, а потоа, внатре, чекав уште еднаш за да купам леб. Секоја нова тура буквално се разграбува за миг. Никој не купува по еден или два леба, се полнат кесите, повеќе денови се во прашање“, вели скопјанец кој пазарувал во супермаркет кој има фурна.

Вработените во дел од маркетите велат дека пакуваниот леб се потрошил кусо време по отворањето. Граѓаните одат од еден во друг дуќан со надеж дека некаде сè уште не е потрошен.

Метежот во дуќаните почнал уште синоќа по одлуката на Владата од вечерва Скопје, Куманово, Штип и Тетово да бидат во карнатин, а во сите останати градови да има полициски час.

Одлуката за враќање на полицискиот час Владата ја донесе со образложение дека не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот поради што расте бројот на новозаразени.

Карантинот е воведен и за да се намали можноста за групирање и пренесување на вирусот за Духовден кога православните христијани масовно одат на гробишта.

Во Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Липково, Карбинци, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце движењето на граѓаните ќе биде забрането од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот, а во останатите градови полицискиот час ќе трае од 21 часот до 5 часот утре, додека во петок сабота и недела излегувањето ќе биде забрането од 16 часот 5 часот следниот ден.

Петок е неработен ден за сите граѓани. Министерството за труд утрово соопшти дека петок е прогласен за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска