(ВИДЕО) Симовски: Бојкот на пописот би бил катастрофа за државата

Од:

За пописот се шират лажни вести што нанесуваат штета на процесот и не смее да се дозволи бојкот, смета Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика. Тој објасни дека причина за повлекувањето на предлог-законот за попис од собраниската комисија денес не се партиски несогласувања туку тоа што не бил обезбеден претставник од ЕУ од каде треба да има претставници бидејќи законот е со европско знаменце.

„Бојкот на пописот не смее да се случи. Тоа би било катастрофа не за нашата институција, не за пописот туку за државата“, рече директорот Симовски.

Тој очекува законот да биде усвоен до крајот на месецов или најдоцна до јули за да нема пролонгирање на подготовките за главниот попис. Дали евентуални предвремени парламентарни избори можат да го одложат пописот, Симовски вели дека ќе размислуваат ако се случат.

„Пописот е извесен, ќе биде од 1 април 2020 година. Подготовки за него, во смисла јавни дебати и расправи со целни групи, почнавме пред 1,5 година. Во ноември предлог-законот беше ставен на ЕНЕР, стоеше 40 дена и немавме никакви забелешки па затоа ме зачуди реакцијата од вчера. Се изнесоа многу лажни вести на кои не вреди да се навраќам оти носат штета на процесот“ , вели директорот Симовски.

Тој денес половина час трпеливо објаснуваше дека попис ќе има, дека ќе биде попишана дијаспората преку дигитална апликација, а доколку и тоа не го направат за нив, податоци ќе можат да дадат роднини од кои исто така ќе биде побаран матичен број со кој ќе се гарантира веродостојноста на податоците. Ќе бидат попишани сите резиденти кои живеат на територија на земјата повеќе од 12 месеци.

Директорот Симовски извести дека во тек се финалните подготовки за пробниот попис. В среда попишувачите ќе имаат обука, а веќе в петок ќе излезат на терен во вкупно 13 општини. Резултати од пробниот попис нема да се објавуваат оти тој е тест за техничката подготвеност на институцијата за главниот попис.

Би можело да ве интересира

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите поради големи злоупотреби најавува Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со две третини од пратениците

Катерина Ѓуровски

Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема

Нема потреба од предвремени избори, СДСМ и ДУИ нека се покажат на локалните вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори