Мицкоски: Ако опозицијата побара избори ќе договориме термин, ние сме подготвени да излеземе

Од:

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат. Мицкоски рече дека неговиот став е познат и дека неговата Влада доби мандат од четири години.

– Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 година. Се уште имаме техничка Влада. Значи крајот на оваа политичка Влада би требало да биде некаде крајот на 2027 година така што тоа се оние параметри коишто можам јас сега да ги кажам и врз основа на кои добивме доверба од граѓаните – рече Мицкоски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.

На прашањето што може да го предомисли, тој рече дека логично е опозицијата да сака да биде Влада затоа што мисли дека може да биде подобра од Владата и ако опозицијата побара предвремени парламентарни избори тогаш како Влада тие се подготвени за лидерска средба, да се договори термин и да се оди на предвремени парламентарени избори.

– Нема да бегаме, се разбира. Затоа јас велам, мандатот наш е за четири години и за толкав период сме добиле поддршка од граѓаните да испорачаме реформи, но доколку имаме фрлена ракавица од страна на опозицијата, нормално е нема ние кукавички да бегаме од избори. Напротив ние сме подготвени во секое време да излеземе и да ги победиме – изјави премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ