(ВИДЕО) Силно невреме во Неготино, оштетени куќи и поплави

Од:

Голем пустош зад себе по неготинските улици остави невремето кое попладнево го зафати овој град.

Искорнати се дрвја, има паднати бандери, а оштетени се голем број на покриви. Во понискиот дел на градот има и поплавени куќи.

Веднаш после невремето на терен интервенираат противпожарните служби и екипи на ЦУК. Наскоро се очекува да се направи проценка на штетата која ја направи невремето во Неготино, а за која жителите тврдат дека е огромна.

-Од раководителот на РЦУК Неготино сме известени дека од 16:10 до 16:30 часот општината Неготино ја зафати силно невреме проследено со ветер и пороен дожд. Од ТППЕ Неготино сме известени дека има пријавено повеќе штети од граѓаните. Интервенирано е, ТППЕ Неготино интервенира на најкритичните места кои се погодени од невремето, има искорнати дрвја, паднати бандери, оштетни пориви од куќите и поплавени домови, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

ВИДЕО: Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите

Невреме ја погоди Словенија: Поплавени домови, оштетени покриви и десетици интервенции на спасувачките служби

Драма на небото над Шумадија: Авионот не можеше да слета поради силна бура

Рибар од Неготино е пронајден удавен во Вардар

А1он

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба