ВИДЕО: Силно невреме во делови од земјава, во Тетово поплавени улици

Од:

Силно невреме попалднево зафати повеќе делови од земјава. Во Скопје невремето е со силен дожд, ветер и грмотевици.

Во Тетово невремето направи посеризони проблеми. Поплавени се дел од улиците. Силен дожд со град и со грмотевици го зафати полошкиот регион. Според информациите полицијата не дозволува сообраќај на излезот од градот кон Скопје поради поплавен надвозник.

Центарот за управување со кризи испрати превентивна предупредување до граѓаните за внимателност заради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд – опасноста се уште постои велат од ЦУК.

-Денеска уште од претпладневните часови има нестабилност во западните делови од земјава, најпрво во Охридско-Преспанскиот регион, а потоа интензивна линија на нестабилност се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија. Од појави се забележани пороен дожд, интензивни електрични празнења, како и појава на град во Полошко, известија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Информациите зборуваат дека, покрај силен и голем град што паднал во Лозово, во Тетово улиците, одредени подвозници и пониските дворови се речиси целосно поплавени, а и подрумите и приземјата на повеќе куќи. Регионалниот центар за управувањесо кризи РЦУК Тетово со дел од своите вработени е на терен и иницираше преку директен конткт со грдоначалникот на Општина Тетово свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово. Инаку, на терен со пумпи за испумпување на водата од критични места и помош на граѓаните се излезени Територијалната противпожарна единица и од ДЗС Тетово, припадници од МВР за регулирање на сообраќајот особено таму каде не може да се помине под поплавени подвозници се вели во соопштенето од Центарот.

Силен дожд во поголем дел од Македонја имаше и синоќа. Во населените место во општина Лозово паѓал град поголем од орев и е предизвикнана голема штета објави градоначалникот Бошко Цветковски.

Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град. Дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник се очекува да се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја