ВИДЕО: Штипјани со голема поддршка за петицијата против проблематичното екстерно тестирање

Од:

Во текот на изминатите два дена над петстотини граѓани  од Штип  ја дадоа својата поддршка за поднесување петиција со која ќе се бара екстерното тестирање да биде прогласено за пилот-проект.

Како аргумент зошто овогодишното екстерно тестирање треба да биде прогласено за пилот, од Младинскиот образовен форум ги наведуваат фактите дека во текот на тестирањето биле забележани голем број технички недостатоци, како и кршење на законското право на учениците да бидат информирани најдоцна една недела пред тестирањето за предметите што ќе ги полагаат.

stippeticija-eksterno

„Сите граѓани што сметаат дека екстерното тестирање не ги задоволило основните критериуми и цели можат да се потпишат на петицијата во наредните десетина дена. Целта на петицијата е да се изврши притисок врз Министерството за образование и наука, како и до Државниот инспекторат за образование,екстерното тестирање што беше спроведено оваа учебна година да биде прогласено за пилот поради големиот број пропусти што беа направени во целокупниот процес“, изјави координаторот на Информативниот младински центар од Штип, Зоран Иванов.

stippeticija-eksterno1

Голем е бројот на граѓаните кои ја даваат поддршката на оваа иницијатива, а особено изненадува фактот што и голем дел од просветните работници се потпишаа на петицијата.

stippeticija-eksterno2

„Ние сме најзасегнати. Поради големиот број технички недостатоци, слаби ученици, кои имале двојка или тројка во текот на целата година, добија петки со што се доведе во прашање угледот на нашата фела. Сепак, професорите подобро умеат да ги проценат знаењата на своите ученици преку текот на целата учебна година од тест што не бара вистински и трајни знаења“, изјави револтирана професорка вработена во едно од основните училишта во Штип, која сакаше да остане анонимна поради страв од притисоци.

stippeticija-eksterno3

И покрај денешната изјава на министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, дека, сепак, екстерното тестирање нема да биде прогласено за пилот, претставниците на МОФ и понатаму остануваат на пунктовите во поголемите градови низ Македонија.

М.Р.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

А1он

Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

А1он

Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

А1он

ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска