ВИДЕО: Шишиња, кеси, детергенти пловат низ Вардар

Од:

Со низок водостој и куп од отпадоци пловат се соочува Вардар, во близина на населбата Злокуќани, на местото каде се влева Лепенец. Десетици пластични шишиња, пакувања од детергенти за домаќинство, најлонски кеси се само дел од она што е фрлено во Вардар. Дел од отпадоците се заглавени на двата брега. Поради нискиот водостој, на реката има се помалку рибари кои дел од времето го поминуваат таму.

„Ловам за да си го пополнам слободното време, не за јадење или продажба. Видете колку е загадено, ѓубре насекаде. Летото тука доаѓавме со пријатели, но тие се откажаа. Намалено е и нивото на реката, до другиот крај можам пешки низ вода да поминам“, вели рибар кој го затекнавме во близина на мостот „Влајко“.

Во слична состојба, реката Вардар беше и во август годинава. Тогаш, дождот го преполни коритото на Вардар и целиот отпад од депониите пловеше низ реката.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло